Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милиони фанови ширум цел свет со голема нестрпливост ја очекуваат финалната сезона од мегапопуларната серија Game of Thrones.
Секојднено кружат гласини за дејството за завршните крвави борби за престолите, а потпретседателката н НВО мрежата потврди дека ликовите до крајот на серијата ќе умираат едне по еден.
Изминативе месеци актерската екипа активно ги снима епизодите од осмата сезона на Game of Thrones, но не можеа да откријат ништо поврзано со дејството, согласно договорите кои ги имаат потпишано, освен тоа дека истото ќе биде прилично напнато, како што сите очекуваат.
Сепак, потпретседателката на НВО мрежата, Френческа Орси, ги потврди сомнежите на фановите на една неодамнешна конференција во Ерусалим.
„Ликовите кои останаа живи ќе умираат еден по еден во претстојната сезона од серијата“, коментираше Орси.
Смртта на главните ликови ги потресе и главните протагонисти кои последните делови од сценариото за серијата ги читаа низ солзи.
„Никој од актерите претходно го немаше прочитано сценариото, а еден по еден почнаа да паѓаат на последните страници. Сите заплакаа на деловите во кои умираат нивните ликови. Сепак, на крајот од читањето, без прекин аплаудираа 15 минути“, изјави Орси.