Потпишан договорот за изградба на експресен пат од Штип до Кочани


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со потпишувањето на договорот, изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани може да започне. Таа ќе се одвива во две фази – првата од Штип до Крупиште, а втората од Крупиште до Кочани.

Потпишаниот договор за изградба се однесува само на првата фаза, за втората се очекува министерството за транспорт и врски на Република Македонија да го објави тендерот следната година. Вкупната должина на овој патен правец изнесува 28 километри, а инвестицијата е 20 милиони евра. Патот ќе биде со четири ленти и широчина од 12 метри, проектиран за брзина на движење со 100 километри на час.

Во Македонија во тек е изградба на повеќе патни правци, а ќе започне да се работи и на неколку други. Покрај автопатот од Скопје до Штип и експресниот пат од Велес до Штип, во тек е евалуација на понудите за изградба на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка, а следната година се очекува и тендерот за изградба на експресниот пат од Охрид до Пештани.