Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова прво февруарско утро го започнуваме со температура која иако е претежно негативна, сепак е доста повисока во однос на претходните утра и има вредности не пониски од минус 3 степени.
Во југозападниот крај е претежно ведро, додека во централниот и источниот крај има појава на сосема саба сумаглица и и ниска облачност.
Во текот на денот југозападниот кра останува генерално посончев, а источниот регион пооблачне, но со услови за мало разведрување попладне.
Температурата денеска ќе има врености во границите помеѓу 2 и 5 степени речиси низ сите котлини, додека на југоисток максималната температура нема да надмине 7 степени.
Скопскиот крај утрово има појава на слаба магла и ниска облачност. Денот ќе измине во претежно облачно време. Максималната температура нема да надмине 4 степени.