Home Актуелно Потклекна на јавниот притисок: Тантуровски си поднесе оставка од Антикорупциска

Потклекна на јавниот притисок: Тантуровски си поднесе оставка од Антикорупциска

Претседателот на Комисијата за борба против корупција, Игор Тантуровски, веројатно потклекна на притисокот од јавноста и си поднесе оставка на таа функција.

И покрај тоа што изминативе денови тврдеше дека не чувствува одговорност, според информации од Комисијата тој си поднел оставка која ја доставил утринава до Собранието.

Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков. Нивното повлекување од Комисијата следи откако беше објавен скандалот со злоупотреби на патните трошоци од страна на членови на Комисијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…