Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициските служби распишаа потерници по Никола Митревски, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, осомничени за насилството во Собранието на 27 април.
За петтиот потерницата е рапишана од порано, па вкупниот број осомничени што им се недостапни на органите на прогонот засега е пет лица.
Имињата на Митревски и Василевски неофицијално се поврзуваат и со бегството на двајцата ексразузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.