Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 9. октомври, 1970 година, како натпревар на денот во тогашната англиска прва фудбалска лига беше одигран дуелот меѓу Ковентри Сити и Евертон.
Таа средба тешко дека ќе вредеше да биде запамтена по било што друго, да не беше брилијантниот потег на играчот на Ковентри, Ерни Хант, кој благодарение на соиграчот Вили Кар, постигна гол поради кој заслужено остана бесмртно запаметен во фудбалската историја. Хант направи потег кој, барем во официјалните фудбалски натпревари, дотогаш беше буквално невиден и после тоа никогаш повторен.
Хант постигна фантастичен и атрактивен погодок од слободен удар (кој беше наречен „магарешки удар“ – Donkey Kick) откако соиграчот Кар со две нозе од место му ја подигна топката во воздух и му ја намести „на тацна“ за волеј. Овој погодок истата година од ВВС ја доби наградата за гол на сезоната, но набрзо беше забрането од FA. Ковентри на дуелот славеше со 3:1.
Хант почина во 2018 година, но неговиот потег и ден денес живее, ако поради ништо друго, тогаш барем поради иновативноста и фактот дека истиот уште важи за забранет.