Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Проблемот е во тоа што еден начин на губење килограми можеби ќе помогне на една личност, но кај други нема да функционира.
Причината е во тоа што сите имаме различен тип на тело и поинаку се дебелееме. Како што е различен начинот на губење килограми така и начинот на нивно губење е различен. Според некои истражувања утврдено е дека постојат 6 типови на сало.
Сало во горниот дел од телото
Овој вид на сало се зголемува доколу внесувате повеќе калории отколку што трошите. Па така главна причина за неговата појава е неактивноста и прејадувањето.
За да се решите од овој вид сало започнете со аеробик, пешачење, трчање или пливање секој ден најмалку 30 минути. Од исхраната ифрлете некој процент на шеќери.
Сало во долниот дел на абдоменот
Настанува поради стрес, анксиозност и депресија. Избегнувајте го стресот и научете како да се релаксирате. Најдобра вежба за вас е медитација и вежбите за дишење. Конзумирајте зелен чај кој е одличен за согорување на масти.
Сало во долен дел на телото
Може да настани како резултат од зголемено внесување на глутенска исхрана. Добра идеја би било да пробате исхрана без глутен. Како добра вежба може да биде качување по скали. Не го прескокнувајте доручекот затоа што со тоа го активирате метаболизмот.
„Отечен“ стомак
Големиот внес на алкохол може да доведе до зголемување на стомакот. Па затоа се препорачува да намалите со пијалоците доколку сакате рамен стомак. Поделете го дневниот внес на храна на помали оброци кои ќе ги конзумирате почесто.
Сало на долниот дел од телото и нозете
Овој проблем најчесто го имаат жените кои имаат проблем со вените, но и на трудниците може тоа да им се случи. Немојте да седите подолго од 30 минути без притоа да се движите, и трудете се да стоите и движите исправено.