Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), средба остварија претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези.
На средбата се разговараше за унапредувањето на борењето, едукација на тренери по борење, развојот на младинското и сениорското борење, како и развојот на борењето во женска конкуренција.
Исто така, тема на разговор беше и договорот односно соработката со Претседателот на УВВ (Обединето светско борење), Ненад Лаловиќ и претседателот на Европската федерација во борење (УВВ-Европа), Цено Ценов во однос на унапредување на борењето во Македонија.
Беше договорено, веќе следната недела, МОК и ФБСМ заеднички да организират камп за пионери и младинци, потенцијални кандидати за учество на следните младински Олимписки игри 2018 како и на летните Олимписки игри Токио 2020.