Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека Интер е на чекор од уште едно големо засилување, а станува збор за хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко.
„Нероаѕурите“ беа во потрага по квалитетно засилување на десната бековска позиција, а прва желба беше токму Врсаљко.
После неколку недели преговори со Атлетико Мадрид, денес двете страни конечно постигнаа договор тежок 25 милиони евра.
Имено, Врсаљко ќе пристигне во Интер на едногидишна позајмица за која „нероаѕурите“ ќе платат 8 милиони евра, а следното лето ќе можат да го откупат договорот за додатни 17 милиони евра.
Врсаљко веќе има постигнато договор со миланскиот клуб и само чека сигнал за да пристигне во Италија на медициски прегледи.
#Inter, #Vrsaljko più vicino: la situazione e le cifre dell'affare?https://t.co/p5fT04Xppo
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 26, 2018