Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сантиаго Солари дојде како привремено решение после отказот на Лопетеги, но после четирите победи во првите четири меча го убеди раководството да му понуди перманентен договор.
Најеминентните шпански медиуми „АС“ и „Марка“ пренесуваат дека е постигнат договор и дека Солари наскоро ќе добие договор до 2020 година.
Најверојатно договорот ќе биде до 2019 година, со опција на уште една сезона, а се очекува наскоро да стигне и официјално соопштение од Реал Мадрид.
Според „Марка“, претседателот Перез знаел дека Солари е вистинскиот човек за клупата на „кралевите“, а откако стана првиот тренер во историјата кој стартуваше со четири победи, реши да му понуди долгорочен договор.
Real Madrid secure Santi Solari's services through to 2020.
Today's front cover of AS. https://t.co/zbvTk8u1eG pic.twitter.com/iUY6CQwTwo— AS USA (@English_AS) November 13, 2018