Home Актуелно Постигнат договор помеѓу Србија и Косово за регистарските таблички со цел да се избегне ескалација на ситуацијата

Постигнат договор помеѓу Србија и Косово за регистарските таблички со цел да се избегне ескалација на ситуацијата

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички, потврди високиот претставник на европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел.

„Имаме договор! Со големо задоволство можам да објавам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивната односи“, објави Борел на твитер.

Борел изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови и дека Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…