Постигнат договор: Диего Коста се сели во Кина, еве колку ќе заработува!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медуми пренесуваат дека Диего Коста на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Кина каде ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Имено, „Кадена Сер“ открива дека Коста веќе постигнал договор со новиот клуб и дека годишно ќе заработува 30 милиони евра со што ќе стане втор најплатен фудбалер по Карлос Тевез.

Челзи по завршувањето на сезоната нема да му стои на патот, а од неговиот трансфер ќе инкасира 60 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека „сините“ веќе ја почнале потрагата по негова замена, а прва желба е напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората.

Мората не е задоволен од својот статус на „Сантиаго Бернабеу“ и сака да ја промени средината, а Челзи е спремен за неговиот потпис да плати околу 60 милиони евра.