Спорт

Постигнат договор: Барса ќе му плати на Атлетико 15 милиони за „проблемот Гризнам“

Трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона беше проследен со голем скандал помеѓу двата клуба, откако „јорганџиите“ открија дека имаат докази дека Каталонците неправилно ги воделе преговорите со играчот.

Пред неколку недели Барселона беше казнета со симболични 300 евра, а од Атлетико порачаа дека ќе продолжат да ја бараат правдата на повисоки судски инстанци.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека двете страни нашле заеднички јазик и постигнале договор. Имено, Барселона се согласила да му плати на Атлетико 15 милиони евра како компензација за тоа што многу рано ги почнале преговорите со Гризман. „Јорганџиите“ пак се задолжуваат да го „затворат случајот“ и да не бараат на суд да се докаже вината на Барса.

Договорот вклучува и друг интересен факт. Имено, Барселона ќе има приоритет при продажбата на дури пет играчи на Атлетико меѓу кои Саул и Хосе Хименес.

Advertisements
To Top