Музика

Постхумниот сингл од Џорџ Мајкл „This Is How“ објавен три години после неговата смрт

Постхумната песна од Џорџ Мајкл „This Is How (We Want You To Get High)“ е објавена речиси три години после смртта на славниот пејач. Синглот, напишан и ко-продуциран од Мајкл и Џејмс Џекман, ќе биде објавен како дел од саундтракот на најавениот филм од Пол Феиг, „Last Christmas“.

„This Is How (We Want You To Get High)“ прв пат е напишана во 2010 година, а подоцна беше снимена во лондонското Air Studio. Интересно е што „завршните финеси“ на песната се направени во 2015 година.

Песната има оптимистички призвук, иако се базира на нешто потешки мотиви во самиот текст.

Синглот кој е прв објавен материјал од Џорџ Мајкл после седум години, ќе биде дел од саундтракот на споменатиот филм кој е инспириран од животот и делото на Џорџ.

Мајкл почина на Божиќ, 2016 година, на 53-годишна возраст, во неговата куќа во Оксфордшир. Непосредно пред смртта, пејачот им даде благослов на продуцентите за снимање на филмот.

Advertisements
To Top