Постепено стабилизирање на временските услови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Временската прогноза за денес, среда, 25 септември, најавува постепена стабилизација на временските услви, со променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 27.

И за утре прогнозата за времето е променливо облачно со локални врнежи од дожд и со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Дневните температури ќе бидат Скопје 26, Маврово 19, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 23,Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.