Постави камера бидејќи некој му ги крадел работите од пред врата – снимката го изненади


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сентил Нејтан од индискиот град Ченаи не можеше да сфати кој му ги крате стварите од пред влезната врата, па за да си ја разреши таа мистерија реши да постави безбедносна камера и конечно да го фати крадецот.

Секоја ноќ од пред неговата влезна врата исчезнувало килимчето за бришење чевли, но и други ситници како крпи и обувки, за кои Нејтан мислеше дека никој не би можел да ги украде. Затоа постави камера.

Камерата веднаш си ја заврши работата, па „крадецот“ беше фатен, а неговото муце, откако Индиецот го објави на Твитер, стана хит на интернет.