Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
62-годишниот бивш американски маринец Џорџ Худ постави нов светски рекорд во издржување во положба „штица“ (попознато како „plank“) од 8 часа,15 минути и 15 секунди.
Худ во Чикаго постави официјален светски рекорд во најдолгото абдоминално издржување во машка конкуренција. Поранешниот маринец во ваква позиција минал 8 часа, 15 минути и 15 секунди.
Со овој рекорд тој го намина претходното остварување на Мао Вејдонг кој во истата позиција на издржување бил 8 часа и една минута.
Џорџ Худ изјавил дека при подготвувањето за овој потфат тој минал 2100 часа во издржување.
Американскиот маринец и покрај големиот напор при постигнување на рекордот веднаш по него за да докаже дека се чувствува одлично пред сите направил уште 75 склека.