Постапки против градоначалници кои ги прекршиле одредбите за нивни ингеренции


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Против неколку градоначалници кои ги пречекориле своите надлежности, при разрешување на директори на општински училишта, покренати се повеќе постапки за нивно санкционирање, велат од Министерството за образование.

Како што беше случајот со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, одземање на ингеренциите во делот за образование им се заканува и на градоначалници од СДСМ и од ДУИ, пренесува Фокус.

Државниот просветен инспекторат веќе констатирал неправилности во неколку општини кои ги предводат и владејачките партии. Незаконитости во постапувањето се утврдени во Општина Липково, каде градоначалник е Еркан Арифи од ДУИ, на Општина Конче, каде градоначалник е Благој Илиев од СДСМ, на општина Боговиње, каде градоначалник е Аљбон Џемаили од Алијанса за Албанците и во Општина Желино со која управува Блерим Сејдиу од БЕСА.

На овие градоначалници им се заканува одземање на надлежностите во период од една година, од причина што незаконски разрешувале директори и на нивно место поставувале партиски кадри.