Поснопица: Претепа половина кафуле оти го поттурнаа додека играше (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руска работа. Тип со ептен краток фитил случајно беше поттурнат од друг дечко додека двајцата танцуваа заедно со останатите присутни на забавата во едно кафуле.

На нервозниот и крвнички настроен батка толку му требаше за да почне масовно да тепа сè што ќе му излезе пред него, независно дали требал или не. А далеку од тоа дека имаше потреба од физичка пресметка.

„Ќибритлијата“ за кратко време направи боксерски ринг од подиумот на кафулето и претепа половина од гостите во кафулето без никаква причина.