Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дали некогаш кафето толку ви се сладило што ви дошло дури и да посакате да можете и филџанот да го изедете од што било добро? Е, една новозеландска компанија сега ја нуди токму таа можност.
Авио компанијата Air New Zealand го тестира производството на бисквит чаши за кафе, создадени од компанијата Twiice за патниците во авионите или на аеродромот кои откако ќе го испијат своето кафе, буквално можат да ја изедат чашата како нормална бисквита со вкус на ванила.
Бисквитната шолја за кафе која се јаде е направена од пченично брашно, шеќер, јајце и природен вкус на ванила. Од компанијата Twiice велат дека шолјата е непропустлива и ќе остане тврда и крцкава барем онолку време колку што е потребно да се испие кафето и нешто подолго.
Целта на ова иновативно производството на практични, но и вкусни чаши за јадење е намалувањето на отпад.