Последното „ангелско дефиле“ на Адријана Лима


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од неколкуте икони и современо манекенско олицетворение на луксузниот бренд „Victoria’s Secret“, Адријана Лима, на епски начин и со стил се збогуваше од обожавателите на споменатиот моден бренд.

Вчера вечер се одржа спектакуларна ревија на „ангелите на Victoria’s Secret“, а бразилската убавица Лима за последен пат прошета по пистата на „ангелското дефиле“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FASHION TO MAX (@fashiontomax) on

Ревијата се одржа во Њујорк, а Адриана овој момент го искористи за да се прости од публиката и модниот бренд за долна облека за кој беше заштитно лице подолго од било која друга манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Ова било нејзиното 20-то шоу по ред, а колку и било разделувањето покажува и снимката на Инстаграм.

„Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, ги сподели своите тајни и најважно, што не ми даде само крила туку ме научи и да летам“ – напишала Адриана.