Последните фотографии од кениската Кралица на слоновите оставаат без зборови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќе од 60 години слоницата позната како F_MU1, скиташе низ низините на Цаво, во Кенија. Беше една од последните преостанати африкански „супер-бивнасти“, наречени така поради огромните бивни кои им допираат до земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Burrard-Lucas (@willbl) on

Британскиот фотограф Вил Барард-Лукас направи неверојатни фотографии од оваа слоница, пред таа да почине од старост. „Да постоеше кралица на слоновите, тоа сигурно ќе беше таа“, вели фотографот за Newsbeat.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Burrard-Lucas (@willbl) on

Во Африка има останато помалку од 30 вакви слонови, пренесува ВВС. Вил на овој фотографски проект работел 18 месеци, а подетално за ова искуство можете да прочитате на неговиот блог.

Прв пат кога ја видел, останал без зборови. „F_MU1 беше слаба и стара, но одеше напред со достоинство“, пишува фотографот на блогот. „Нејзините бивни беа толку долги што ја гребеа земјата пред неа. Беше како реликт од минатите времиња“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Burrard-Lucas (@willbl) on

„Го преживеа периодот на страшното ловокрадење и за неа беше победа тоа што нејзиниот живот не заврши во замка, со куршум или со отровна стрела“, додава Вил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Burrard-Lucas (@willbl) on

Фотографиите од Вил ќе бидат објавени во неговата нова книга, Land of Giants, а некои од нив тој ги објави на Инстаграм.

Последната фотографија од F_MU1 ја направи покрај вода. „Беше тоа чувство на привилегија и еуфорија кое засекогаш ќе остане во мене“, додава тој.