Авто мото

Последниот произведен примерок од Veyron Coupe на гигантот Bugatti оди на аукција

Последниот произведен модел на луксузниот Bugatti Veyron Coupe ќе биде понуден на аукциска продажба, а се очекува неговата цена да достигне два милиони долари.

16-12-veyroncoupe1

Во временски период од 10 години Bugatti произведе само 450 примероци од Veyron Coupe, од кои само 48 ја носат ознака Veyron Super Sport Coupe.

Белиот Veyron е многу редок, а ќе биде продаден на аукција идниот месец во Аризона, која ќе ја организира аукциската куќа Sotheby.

16-12-veyroncoupe2 16-12-veyroncoupe3

Среќниот и нормално, богат колекционер во својата колекција ќе додаде специјален луксузен супер автомобил, кој ќе го движи посилната верзија на 8,0 литарски турбо V16 мотор, со моќ од 1.200 коњски сили. Од нула до 100 километри на час автомобилот забрзува за 2,5 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 413 кимолемтри на час.

16-12-veyroncoupe4 16-12-veyroncoupe5

Овој бел убавец има изминато само 643 километри, од кои повеќе од половината ги направиле инженерите на Bugatti во текот на ригорозните тест возења.

Моделот имал само еден сопственик, а е сервисиран во претставништвото на Bugatti во Мајами на Флорида, како и во Беверли Хилс во Калифорнија.

16-12-veyroncoupe6 16-12-veyroncoupe7 16-12-veyroncoupe8

Advertisements
To Top