Последниот ловец на халуциноген мед во акција – фантастично 4К/360° видео на National Geographic


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ренан Озтурк и неговиот тим признаа дека не беа подготвени за џиновските хималајски пчели кои произведуваат халуциноген мед.

Тие буквално висеа на 60 метри висина на еден вертикален гребен, снимајќи го и фотографирајќи го Маули Дан, последниот човек кој собира халуциноген мед кој го даваат пчелите во источен Непал.

За време на акцијата за National Geographic Озтурк сфати дека неговиот американски пчеларски костим не е соодветна заштита од тамошните гигантски пчели. Хималајските пчели се двојно поголеми од американските, па му продираа со осилото низ заштитната облека.