Последниот исчезнат брод кој пред 160 години нелегално носел робови во САД


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дрвените остатоци од брод кои беа најдени во делтата од реката Тенсо, во соединетата држава Алабама, се претпоставува дека му припаѓале на досега неоткриениот легендарен брод „Клотилда“ за кој се смета дека е последното пловило со кое нелегално се пренесувале робови во САД.

Остатоците ги пронашол новинарот Бен Рејнс, кој со стручните лица се обидува да утврди дали е тоа легендарниот брод по кој се трагало.

Според историските податоци, капетанот на бродот, Вилијам Фостер, по пристигнувањето во заливот Мобил Беј во 1860 година го запалил и потонал бродот, а бродските остатоци се пронајдени во непосредна близина на тоа место. На дрвената конструкција се видливи и траги од горење, како и техники на бродоградба карактеристични за тој период.

Иако претседателот на САД, Томас Џеферсон, во 1807 година потпишал закон со кој се забранува „увоз“ на робови, на американскиот југ ропството било присутно и децении подоцна. Главно пристаниште за тој вид транспорт бил токму заливот Мобил Беј.

Бродот во 1860 година испорачал 110 робови во заливот. Тоа се случило една година пред почетокот на Американската граѓанска војна и е последниот регистриран случај на „увоз на робови“ во САД.