Последни подготовки за кампања – По два митинзи дневно секој ден во неделата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се ќе биде по старо во новата предизборна кампања која стартува од понеделник. И власта и опозицијата немаат намера да го напуштат веќе воспоставениот принцип и во текот на денот се најавуваат по два митинзи во речи си секој град низ Македонија, јавува ТВ Сител.

Единствената дама меѓу тројцата кандидати поддржана од ВМРО-ДПМНЕ предизборниот карван го почнува од Охрид, од каде што актуелната опозиција традиционално ги почнува сите предизборни кампањи.

Нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ исто така традиционално стартува од Прилеп, додека кандидатот на Алијансата и Беса, Блерим Река во изборната кампања влегува со голем митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.

Силјановска во претседателската трка влегува како долгогодишен професор по уставно право и политички систем на правниот факултет во Скопје. Во својата долга професионална бигорафија има и 2 годишен политички ангажман како министер без ресор во Владата на Црвенковски пред 25 години.

И Пендаровски собрал професорско искуство предавајќи на Американ Колеџ во Скопје. За разлика од Силјановска тој има подлабока политичка биографија, односно низ годините добил серија државни функции, од кои последната му е национален координатор за НАТО. Пендаровски има и изборно искуство откако пред 5 години како натпартиски кандидат на СДСМ ги загуби изборите од актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Река исто така е професор но тој има и дипломатско искуство кое го собрал како македонски амбасадор во Европската Унија пред десетина години.

Согласно Утсавот, предизборната кампања ќе трае до петок, 19 април, кога ќе почне 24 часовниот изборен молк.

Во меѓувреме, претседателските кандидати на власта и опозицијата си закажале 4 телевизиски дуели, меѓу кои и еден на ТВ Сител.

Државната изборна комисија веќе го заклучи избирачкиот список. Право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач, што е за околу 6.000 помалку од последните локални избори и за околу 2.000 повеќе од референдумот.

Согласно актуелниот распоред на силите извесно е дека на шестите претседателски избори, петтиот претседател ќе биде избран во вториот изборен круг. За да бидат успешни изборите, потребно е на 5ти мај да излезат најмалку 40% од запишаните гласачи или нешто повеќе од 723.000 избирачи.

Извор: Сител