Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Камионџии со своите возила поминаа по А19 автопатот за да го поздрават со звучен сигнал Бери Меј, „Мавтачот“ од Тисајд кој цели 30 години како хоби одеше на надвозникот и стоеше таму мавтајќи им за поздрав на камионџиите кои поминуваа долу.
Бери речиси секој ден во изминатите 30 години стоеше на надвозникот во близина на Билингам и ги поздравуваше камионџиите кои врвеа под мостот мафтајќи им со рака.
Во 2018 година, кога му беше дијагностицирана форма на аутизам, Бери мораше да престане со своето тридецениско хоби кое го направи локална легенда. Сега живее со негувател и никаде не излегува без него.
Годинава, со согласност од негувателот и неколку здравствени теста на кои беше подложен, локален новинар го однесе Бери на неговиот мост за уште еднаш да им мафта на камионџиите, кои го отпоздравија со звучен сигнал минувајќи под мостот.