Последната личност родена во 19 век наполни 117 години – ја открива тајната на долговечноста


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанката Ема Морано го прослави 117-от роденден и ја открива нејзината тајна за долговечност. Таа е последната позната жива личност родена во 19 век.

Зборувајќи за The Guardian, таа открива дека јајца и колачиња се нејзината кулинарска тајна за долговечност, комбинирани во необична диета: „Јадам две јајца дневно и тоа е тоа. Јадам и колачи. Но не премногу, бидјеќи немам заби“.

1-12-ema2

А токму тоа – колачиња – имаше на менито во вторникот, кога таа го прослави нејзиниот 117-ти роденден во нејзиниот дом во Вербанија, Италија.

1-12-ema3

Наместо торта наредена со опасно многуте 117 свеќи, Морано роденденот го прослави со дување на три свеќи кои ја формираа бројката 117. Се верува дека таа е последниот жив човек роден во 19 век, поточно во 1899 година, со што е и најстарата жива жена на светот, откако во мај, на 116 години, почина Сузан Машат Џонс.

1-12-ema4

Морано немала баш лесен живот, како што се вели во The Guardian. Нејзиниот свршеник починал во Првата светска војна, по што таа била принудена да се омажи за насилен сопруг кого не го сакала. „Или ќе се омажиш за мене, или ќе те убијам. Така ми се закани. Имав 26 години и се венчавме“. Парот имал и еден син кој починал како дете. Кратко после тоа, Морано го напуштила сопругот во 1938 година.