Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прегладнето, направено кожа и коска, малечкото на вознемирувачките фотографии подолу буквално е преслабо и за да плаче. Детенцето со тажна судбина е едно од петте милиони деца кои се на работ на преживување поради кризата со храна предизвикана од војната во Јемен.
Војната во Јемен е прогласена за најстрашната хуманитарна криза досега. Тригодишниот конфликт помеѓу Јемен и Саудиска Арабија остави многу гладни и жедни жители.
Лоциран на брегот на Црвеното Море, градот Ходеида е контролиран од бунтовниците и е под блокада од Саудиска Арабија и неговите сојузници.
Невладините организации велат дека храната е „оружје за војување“ во Јемен. Војната во Јемен започна во 2015 година и досега 10 000 цивили загинале.