Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со утрото во четврток ја завршуваме серијата на утра со минимална температура под просекот за овој дел од годината. Локално минималната повторно ќе има вреднности во дијапазонот помеѓу минус 22 и минус 17 Целзиусови степени, но не се очекува на ниту едно мерно место наутро температура повисока од минус 10 Целзиусови.
Денот ќе биде претежно ведар, но утрото во јужниот регион сеуште ќе биде ралативно облачно. Максималната температура ќе има вредност во границите помеѓу минус 6 и минус 2 степени, а на југ околу 0 Целзиусови.
Постепено во текот на денот ветерот ќе го менува правецот од северен во јужен, и токму тоа ќе биде причината што од петок ќе имаме температурен скок и конечно позитивна температура во текот на наредните денови.
Скопскиот крај го очекува мала облачност, односно посончево време. Денот го започнуваме со температура која ќе има минимум околу минус 19 степени. Максималната температура нема да надмине минус 4 Целзиусови.