Последен ден за доделување на мандатот: Дали албанската платформа ќе ги отежне преговорите за влада?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот Ѓорге Иванов тактизираше и почека да завршат празниците, за од денес да ја исполни својата уставна надлежност и официјално да го додели мандатот на предводникот на партијата која победила на парламентарните избори, а тоа се Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно не треба да има сомнежи дека Груевски ќе биде новиот мандатар кој ќе треба да мисли на рокот за составување на влада кој истекува на 29 јануари, а како и сите други политички процеси најверојатно и понатаму ќе има тактизирање и пеглање на односите до последен момент.

Засега ракавицата ја фрли Ахмети кој и не така успешно го заврши процесот на носење на заедничка декларација со сите албански партии со цел да покаже дека на прво место му е интересот на албанскиот народ во Македонија. Заедничката платформа се уште не е потпишана од ДПА, БЕСА критикува дека нема да поддржи влада во која има осомничени функционери од СЈО и од случајот Маџар Телеком, додека пак Алијанса на Албанците е како џокер во покер и може да влезе во Влада со ДУИ доколку таму дојде до некакво отцепување на два или три пратеника.  Дали и колку оваа платформа на дел од албанските политичари ќе ги отежне преговорите за формирање влада и ќе го комплицира процесот на коалицирање, останува да видиме.

Секако, Груевски сега чуствува огромен притисок бидејќи за време на кампањата и по неа беше жесток критичар на албанската вклученост во СДСМ и неочекувано нивниот добар број на гласачи, наметна негативна реторика за албанскиот јазик и за некаква закана за двојазичност која ниту една албанска партија не ја спомена, ниту пак опозицијата, за сега да мора да разговара со албанскиот фактор во земјава за официјализирање на албанскиот јазик, за државните симболи, за решавање на спорот за името, за поддршка на жестоко критикуваното СЈО од негова страна и многу други тешки теми., пренесува Фактор.

Груевски упати и скриена закана дека нема да биде добро ако ВМРО-ДПМНЕ биде изиграно и никоја од албанските партии не прифати со нив да формира владина коалиција. Последиците може да бидат големи, од пожестока реторика и понатамошни поделби на меѓуетничка и меѓумакедонска основа доколку СДСМ успеа да формира влада. Јавноста и аналитичарите се надеваат дека таквата реторика нема да ескалира во подрастични инциденти.