Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако јавноста ја изреволтира новото непотистичко вработување на синот од пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, во ЕЛЕМ, вработување за кое таа тврдеше дека ниту влијаела ниту знаела за истото, сега е вработен и нејзиниот брат, но тој во РЕК Битола, пренесува Макфакс.
Вработувањето на братот од Мира „Дизел“, како што ја нарекуваат пратеничката на социјалните мрежи поради тоа што имаше инкасирано највисок надоместок од патни трошоци, доаѓа истовремено со вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, на што јавноста реагира дека СДСМ си ги вработува семејствата на најпрофитабилните места.
Од „Макфакс“ пренесуваат дека побарале изјава и објаснување за овој случај лично од Стојчевска, која им рекла: „Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави“.