Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру соопштија дека донеле заедничка одлука за развод. Во соопштението објавено од публицистот на Анистон се наведува дека одлуката била донесена заеднички и со многу љубов.
Тие одлучија да соопштат и да објаснат дека се разведуваат во обид да ги спречат шпекулациите. Парот наведува дека ќе продолжат да се почитуваат и ќе ја задржат љубовта што ја имаат еден спрема друг.
Веднаш после објавата дека се разведуваат започнаа шпекулациите како холивудските ѕвезди ќе го поделат имотот. Меѓутоа медиумите открија дека пред да се венчаат парот направил „челичен“ предбрачен договор.
Како што пренесуваат медиумите Џенифер во својата кариера има заработено неверојатни 200 милиони долари, додека Џастин „тежи“ само 20 милиони.