Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно ФИФА најави дека полуавтоматскиот офсајд ќе се користи на Светското првенство Катар, а веќе „дебитираше“ и во Лигата на шампионите на мечот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен.
Дел од фановите не се задоволни, но факт е дека модернизацијата и подобрувањето на ВАР е иднината на фудбалот. За тоа доказ се последните вести од Италија.
Серија А планира да го забрза процесот на воведување полуавтоматски офсајд и оваа технологија Италијанците би можеле да ја воведат пред почетокот на Светското првенство. Идејата за забрзување доаѓа после големиот превид на натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана.
„Газета“ објави дека ситуацијата од Торино ги натерала водечките луѓе во Серија А побрзо да го имплементираат овој систем и планот е сè да биде завршено до октомври.
Целта е да се намали времетраењето на ВАР проверката од 70 на 25 секунди, но веројатно ќе биде и поефективен и поточен. Тој функциониора со сензор во топка која испраќа 500 податоци во секунда.