После средбата со Хан, Заев порача: Ни треба датум сега, инаку Владата може да падне


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со зборовите да не бидат наша пречка, туку наши херои, македонскиот премиер Зоран Заев вчера апелираше до европските политички лидери да дадат датум за отпочнување на преговорите за прием на Македонија во Европската Унија, пренесува Телма.

Пред почетокот на самитот, кој почнува денес, Владата ги прави последните обиди да издејствува отворање на преговори. Аргументите и се дека земјата направи многу и дека е подготвена да ги почне преговорите. И политички и институционално. Затоа бара преговори сега и веднаш.

На лидерство кај европските лидери повикува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој по средбата со премиерот Заев зборуваше колку болни и тешки реформи направи Македонија и дека земјата заслужува почеток на преговори.

За сега, и Хан и Заев се оптимисти дека на самитот на европските лидери денес и утре во Брисел ќе одобрат почеток на преговори.

„Ако земјата не добие датум за преговори со ЕУ, владата би можела да се распушти“, најави Заев за време на престојот во Австрија. Во изјава за српсата новинска агенција Танјуг, тој посочи дека земјата нема алтернатива и дека идните влади ќе останат фокусирани на ЕУ. Тој рече дека ЕУ не може да очекува дијалог од Приштина и Белград сè додека не ги оцени достигнувањата на Скопје со Атина и Софија.