Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од осомничените за насилствата во македонското Собрание од минатиот април, Никола Митревски- Кољо, кој неколку месеци беше недостапен за прганите на прогонот, од попладнево е во Истражниот затвор во Шутка.
Според неофицијалните информации, тој сам се пријавил во Шутка. Против Кољо веднаш е активирана мерката притовор. Инаку, Никола Митревски-Кољо, заедно со Александар Василевски-Нинџа, кој и натаму е во бегство, се осомничени како организатори на насилствата во Собранието.