„После разводот не ми дозволува да се гледам со нејзините ќерки“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Качер (39) се разведе во 2013 година затоа што актерот ја изневери Деми. Тој сега се пожали дека Мур, после разводот, му забранила да се гледа со нејзините ќерки Румер (28), Талула (23) и Скаут (25), кои таа ги доби во бракот со глумецот Брус Вилис.

„Ги сакав тие деца како да се мои и помагав на Деми да ги воспита“ рече Качер, кој е во брак со Мила Кунис (33), со која имаат ќерка и син.

Деми и Качер беа во брак до 2011 година, а истата година и Мила ја прекина деветгодишната врска со Меколи Калкин (36).

Двојката се запозна за време на снимањето на серијата „Луди 70-ти“, а се венчаа во 2015 година во тајност.