Славни

После проблемите со разводот и пијачката, се чувствува заробен и од сопственото име

Најновото во врска со Бред Пит се многу сензационални вести за неговиот развод и за неговото откажување од алкохол. Но не дозволувајте тоа да ви го одвлече вниманието од едно клучно откровение.

Пит, кој се колне дека не поминува низ средовечна криза, не сака повеќе да се вика Бред. Кога во GQ го прашуваат дали се смета себеси за успешен, глумецот (иако не смета себеси ни за некој којзнае каков глумец) едноставно одговара: „Би сакал да можам да си го сменам името“.

„Како Пи Диди. Можам сега да бидам Пафи или – како е Снуп? Лајон? Едноставно чувствувам дека името Бред не ми одговара“, вели Пит. „А во моментов се чувствувам баш како некој ебан Бред“.

A post shared by GQ Style (@gqstyle) on

Пит, кој е толку многу Бред, брзо појаснува дека ребрендирањето според горенаведениот рапер не е баш она што тој го бара. Наместо да има друго име, тој порадо би одел со „Ништо“.

Advertisements
To Top