Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пари Сент Жермен беше апсолутен хит во летниот преоден рок и ги направи двата најскапи трансфери во историјата, а сега сака да го смени тренерот.
Раководството на „светците“ смета дека Унаи Емери не е светски калибар, па на крајот на сезоната сигурно ќе дојде до промена на кормилото.
Италијанските медиуми пренесуваат дека прв озбор на ПСЖ е актуелниот тренер на Челзи, Антонио Конте.
Конте не е среќен во Челзи и не негира дека може да замине од „Стенфорд Бриџ“, а тоа готово сигурно ќе се случи следното лето.
Италијанскиот тренер во последните неколку години имаше доста успеси и се етаблираше во еден од најдобрите тренери во Европа, па во ПСЖ сметаат дека тој би бил идеален кормилар.
Единсвено што може да го спаси Емери да остане на клупата на ПСЖ и следната сезона е освојување на Лигата на шампиони, што е главна цел на „парижаните“.
Antonio Conte is expected to leave Chelsea at the end of the season with PSG interested in appointing him. (Source: Di Marzio) pic.twitter.com/WoHoCArxRJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 4, 2018