Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гордон Ремзи е познат по брутално искрените коментари за храната кои ги дели на социјалните мрежи, а овој пат на ред дојде и за нас добро познатиот бурек со сирење (пита, сирењак, како и да го викаат во различни краишта).
„Еј, Гордон, што мислиш за мојот бурек со сирење?“, напиша еден дечко и доби одговор поради кој многумина веројатно не би сакале да го видат Ремзи во догледно време на Балканот.
@GordonRamsay Hey Chef Ramsey what do you think about my cheese Borek pic.twitter.com/WF9CKIgBqF
— Mr.Sakanovic (@ZlatanSakanovic) May 10, 2017
„Изгледа како џиновско гомно“, напиша кратко и конкретно Гордон и собра повеќе од седум илјади допаѓања и речиси две и пол илјади ретвитови.
Giant turd https://t.co/qtgu9FRLLV
— Gordon Ramsay (@GordonRamsay) May 10, 2017
Секако, како што тоа обично бива секогаш кога ќе стане збор за овој славен и омилен перкарски производ, и понатаму се разви расправа дали е тоа пита, сирењак, бурек, „виткано“ или нешто десетто, но ниту Ремзи не остана поштеден од хејтерските коментари: „Ајде доста, абер немаш“, „Штотуку ја загубив почитта кон тебе“, „Што ти е тебе, човеку?“, беа само дел од коментарите со кои го опсипаа фановите на бурекот славниот Ремзи.