После него ништо нема да е исто: Стигна моделот кој ја менува автомобилската историја


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од компанијата Tesla ветија врвен електричен автомобил за широка употреба уште од нивното основање, а минатиот петок таквиот автомобилски модел стигна на пазарот.

Пред испорачката на првите 30 модели на Tesla Model 3 на сопствениците, сообраќајниот експерт од Business Insider, Метју ДеБорд, околу 15 минути го тестираше новиот „автомобил на иднината“ во фабриката во Калифорнија. Тој и претходно имаше прилика да ги тестира возилата од Tesla, кои го воодушевија, но како што вели, Model 3 е нешто посебно.

Новиот модел во премиум издание има автономија од 500 километри, а од 0 до 96 км/час развива за 5,1 секунда. Ентериерот е минималистички, со комбинација од кожа и дрво. Контролната табла е заменета со централен екран на допир, а покривот е речиси целосно изработен од стакло.

За Model 3 не постои клуч, бидејќи заклучувањето и отклучувањето се вршат преку апликација на мобилниот телефон. Како резерва за таа намена служи „клуч“ со големина на кредитна картичка кој се активира со приближување до надворешниот дел од возачката врата.

Управувачот има пар тркалца кои служат за подесување на ретровизорот и контрола на функциите на аудио системот. Автомобилот има два лоста, еден за класично управување со автоматски менувач, другиот го активира покажувачот на правецот. Сето останато се случува на екранот: контрола на климатизацијата, динамиката на возење, навигацијата, комуникацијата, брзината, светлосните сигнали…

На патиштата е брз и има прилично ефикасни сопирачки. Седиштата се удобни, а багажникот е изненадувачки простран, па може да се спореди со оној од помалите модели на SUV возилата.

Заклучокот е дека Model 3 е еднакво импресивен како и Model S. Со цена од 45.000 долари за поотмената верзија, Model 3 гарантирано ќе го воодушеви поголемиот број од автомобилскиот свет. Овој е најпривлечниот, целосно електричен, автомобил без конкуренција на пазарот. Нема човек кој ќе седне во него, а да не посака да го има. Tesla сега само мора да произведе барем 500.000 примероци од Model 3 колку што досега им се нарачани од клиентите.

Зошто Model 3 е најважниот електричен автомобил кој е произведен?

Станува збор за првиот Tesla модел кој е наменет за најшиоркиот пазар, првенствено поради релативно ниската цена. Откако минатата година Елон Маск го презентираше тој модел, неговата компанија Tesla Motors прими неверојатни 500 илјади и кусур нарачки за Model 3, кои ќе се испорачуваат оваа година. Но, откако првиот примерок од овој модел излезе од фабричката производна лента, се очекува дека процесот на производство ќе се забрза.

Водачот на истражувачкиот тим од компанијата, Гертнер Мајкл Ремзи, изјави: „Мислам дека можам да кажам оти ова е најважниот електричено автомобил произведен било кога. Ги исполнува очекувањата на стотици пазари и ја менува глобалната позиција на електричните автомобили“.

Она што Model 3 го прави толку посебен е фактот дека не станува збор за екстравагантен и скап автомобил, кој можат да си го дозовлат само најбогатите, каков што беше случајот со претходните модели на Tesla, туку е релативно поевтин, но технолошки сепак исклучително напреден автомобил кој, барем во западните земји, ќе може да си го дозволи секој со просечни месечни примања (ова последново нас, тука, во Македонија, најмногу не боли – за просечната плата и неможноста со неа да си дозволиме ваков футуристички автомобил).

И самата бројка од 500.000 автомобили кои беа нарачани веднаш по презентацијата на прототипот, јасно говори дека станува збор за модел кој ќе има големо влијание врз целата автомобилска индустрија, но и превозот воопшто.

Медиумите наведуваат дека успехот на компанијата во продажбата на електричните автомобили зависи токму од успехот на новиот модел.

„Model 3 е клучен за долгорочниот успех на Tesla. Компанијата постои 15 години и никогаш не остварила профит досега. Model 3 ќе биде првиот обид на Tesla за излегување на масовниот автомобилски пазар. Ако успеат да ја задоволат побарувачката и да исфрлат доверлив автомобил, најпосле ќе можат да ја оправдаат вредноста на акциите од компанијата. Ако не успеат, Tesla ќе го потврди сомнежот на критичарите кои тврдат дека никогаш немале одржлив модел“, вели Карл Брауер од Kelly Blue Book.

1 COMMENT

Comments are closed.