После крајот на 10-годишната љубовна романса – Алесандра Амброзио има нов фраер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светски славната манекенка и бивш ангел од модната елита на „Victoria’s Secret“, Алесандра Амброзио, празниците ги поминува во родниот Бразил со своите најблиски, меѓу кои и нејзиното ново момче.

Откако замина во манекенска пензија минатата година, Амброзио сето време го посветува на себе и оние најблиските кои ги сака.

Многу патува со децата откако оваа година се разведе од нивниот татко, Џејми Мацура, со кого наводно останала во добри односи.

Алесандра и Џејми никогаш не се венчаа, а после десет години врска се одлучиле да се разведат.

Само месец дена после раскинувањето на врската со Џејми, Алесандра е видена заедно со италијанскиот дизајнер и модел Никола Оди. Иако досега не објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи, јасно е дека парот ужива во љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared) on

Фотографирани се заедно на плажа во Бразил, а манекенката делувала многу среќно и задоволно.