Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алеиш Видал е вториот фудбалер кој ова лето сигурно ќе ја напушти Барселона, отако пред неколку дена и капитенот Иниеста најави заминување.
Видал, кој по вокација е десен бек, оваа сезона беше користен и на крилната позиција, но веќе бил информиран за одлуката на раководство и тренерот, па сега е слободен да бара нов клуб.
Барселона му ја отвори излезната врата, а шпанските медиуми тврдат дека најсериозен интерес за него покажува неговиот поранешен клуб, Севиља.
Клубот од Андалузија е спремен да понуди 12 милиони евра за неговиот потпис, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Каталонците.
Најверојатно ова лето „Камп Ноу“ ќе го напуштат уште и Лукас Дињ, Андре Гомеш, Денис Суарез и Пако Алкасер.