После Идризово, штрајк и во прилепскиот затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Штрајкот на затворениците во КПД „Идризово“ се прошири и во прилепскиот затвор, каде и тамошните затвореници од денес ја одбиваат храната.

Се обидуваат со глад да издејствуваат амнестија, односно да бидат опфатени со Законот за помирување што се подготвува во Собранието.

Од вчера над 600 затвореници, од истата причина штрајкуваат во затворот „Идризово„. Испратија писма до премиерот и до затворската управа, во кои бараат амнестија, но Заев веднаш ги одби. Изјави дека Закон за општа амнестија веќе имаше и не може во следните пет години да се повтори. Со тој закон беа амнестирани 815 затвореници, осудени на казна до пет години затвор.Министерката за правда се согласува со ставот на премиерот.