Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако беше договорено БЕСА и ДПА да влезат во владината коалиција на чело со СДСМ и премиерот Зоран Заев, во Влада влегува и Сојузот на Ромите на Амди Барјам.
Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. Тој не сакаше да открие која партија кое министерско место ќе го преземе.
„Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој што делуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово ќе биде соопштено од самите партии кои ги номинираат кандидатите“, рече Заев и додаде дека за него пред сè е најважно за какви личности се работи.