Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на ATP Finals во Лондон Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер принудени се во меѓусебен дуел да решаваат кој ќе биде вториот патник во полуфиналето од групата Б откако Доминик Тим, после победата над Швајцарецот, го совлада и српскиот тенисер.
По Роџер Федерер, Доминик Тим го совлада и Новак Ѓоковиќ а со тоа на коло пред крајот го завери првото место во групата Б.
Ѓоковиќ добро го почна мечот и го доби првиот сет во тајбрејк 7-6 (7-5). Во вториот Тим возврати, го доби сетот со 6-3 и изедначи на 1-1.
Интересно беше во третиот решавачки сет кој Тим го почна со брејк, имаше водство од 2-0, но Ѓоковиќ брзо успеа да го врати брејкот и да изедначи на 3-3. Тим повторно му зема брејк на српскиот тенисер, поведе со 6-5 и сервираше за меч, но Ѓоковиќ направи рибрејк и го однесе мечот во тајбрејк.
Во тајбрејкот Ѓоковиќ имаше одличен почеток, на почетокот зема минибрејк, ги доби своите сервиси и имаше водство од 3-0, водеше и 4-1 и тогаш падна. Доминик Тим зема пет поени по ред, го сврте водството и на крајот го доби тајбрејкот со 7-5.
Во последното коло од групата Тим игра со Беретини, а Ѓоковиќ со Федерер во меч од кој ќе излезе вториот патник во полуфиналето.