После европскиот „развод“:Германскиот капитал бега од Велика Британија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу германски компании почнуваат да ги пренасочуваат инвестициите од Велика Британија, за да ги избегнат повисоките трговски бариери по излезот на таа земја од Европската унија.Ова го изјави шефот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Мартин Ванслебен.

ДИХК и Британската стопанска комора ги повикаа во заедничката изјава британските и ЕУ преговарачи да бидат јасни во преговорите за идната трговија во Европа по Брегзит за да компаниите знаат што ги чека.

„Компаниите уште се многу загрижени дека Брегзит ќе влијае значително негативно на нивниот бизнис”, рече Ванслебен во соопштението, додавајќи дека Брегзитот може да доведе до дополнителна бирократија, до продолжување на времето на чекање за разни дозволи и до затегнување на граничните контроли, што на компаниите ќе им донесе повисоки трошоци.

„Условите за излез на Велика Британија од ЕУ се уште се нејасни. Многу од нашите членови не известуваат дека во пресрет на таквите можни бариери веќе ги селат инвестициите од Велика Британија”, истакна Ванслабен.

Британски официјални лица доаѓаат во Брисел за да ги охрабрат претставниците на ЕУ да разговараат за меѓусебните односи по Брегзитот, но еврофункционерите одбиваат да го одблокираат процесот додека прво не се утврдат финансиските обврски на Лондон поврзани со излегувањето од Унијата, како и други прашања во врска со овој „развод”.