Актуелно

После дуелот Рарјн-Некар со Вардар, голем банер за признавање на македонските возачки во Германија

Иницијаторите на петицијата за признавање на македонските возачки во Германија организирани преку најголемата Фејсбук група на македонската дијаспора во Германија „Македонци во Германија“ изработија банер и го истакнаа по натпреварот во Лигата на Шампионите помеѓу Рајн-Некар Левен и Вардар Скопје во Манхајм, Германија.

ДАЛИ ЗАБОРАВАТЕ ДА ВОЗИТЕ ПО 6 МЕСЕЦИ? ПОЈДИ НА OPENPETITION.DE ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ!

Тоа е пораката на банерот, а со тоа Македонците во Германија сакат да посочат на еден огромен проблем со кој се соочуваат. Пораката укажува дека управување на возило со македонска возачка е дозволено само во првите 6 месеци од пријавувањето на редовен престој во Германија. Одтука со право се поставува прашањето “дали по 6 месеци се заборава возењето”?

Преку нашите сајтови на германски јазик Ви го пренесовме и објаснивме проблемот подеталnо. Се разбира, навивачите и организаторите на петицијата повикуваат со банерот да се даде поддршка на петицијата упатство за пополнување на петицијата .

Германија не ги признава македонските возачки дозволи

По 6 месеци од пријавувањето на редовен престој во Германија истекува важноста на македонска возачка дозвола, без никаква можност директно да се препишува документот, како што тоа е случај со возачките дозволи од земјите-членки на Европската Унија, но и земји кои не се во ЕУ а имаат потпишано билатерален договор за меѓусебно признавање на дозволите со Германија. Од нашето опкружување таков договор имаат направено Србија и Босна и Херцеговина.

За жал до сега не постои билатерален договор помеѓу Германија и Македонија за признавање на возачките дозволи и покрај тоа што процесот на меѓусебно признавање трае со години. Таков договор би значело меѓусебно признавање на возачките дозволи. Ова значи дека Македонците иселеници во Германија мора да го полагаат теоретскиот и практичниот испит во Германија со цел да добијат возачка дозвола, која веќе ја поседуваат но не е признаена. Така да, доселениците од Македонија финансиски се оптоварени за да добијат одново право за управување на возило во Германија.

Онлајн петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија

Заради ова нерешено прашање Фејсбук групата „Македонци во Германија“ од Април 2017 стартуваше онлајн петиција со која се прават напори да се актуeлизира ова прашање како пред нашите така и пред германските надлежни институции.

За да се подигне уште поголема свест и привлекување на поширока публика, активистите го направија транспарентот за натпреварот во САП арената во Манхајм. За жал иницијаторите не добиле дозвола поради безбедносните стандарди од страна на обезбедувањето и управата на салата да го истакнат банерот во салата.

Но, наместо да се откажат од оваа акција по натпреварот активистите го истакнаа банерот пред арената и од таму посочија на проблемот на македонските иселеници во Германија. Оваа акција беше прифатена и од навивачите кои со македонски песни и секако навивачки слогани се придружија и дадоа поддршка на оваа иницијатива! Паралелни на ова во публиката беа поделени и флаери со содржини за поддршка на иницијативата.

ТУКА ќе ја најдете нашата прва објава за онлајн петицијата, а во прилог следува кратко видео со упатство како правилно да ја пополнете петцијата, на ова место би сакале да Ве замолиме уште еднаш да ја подржете инијацитивата и да ја потпишете петицијата!

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top