После долга борба со болеста – Аврил Лавин се враќа на сцената


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарната канадска пејачка Аврил Лавин најави скоро враќање на музичката сцена после долгата борба со лајмската болест.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за трпението додека работам на новиот албум. Беше тоа долго опоравување и сакам да бидам сигурна дека сето тоа е завршено за вас“, напиша Лавин во објавата која ја сподели на својот официјален Твитер профил.

Ова ќе биде шести студиски албум за Аврил, која вели дека одвај чека да ги сподели новите песни со своите фанови.

„Ветувам дека ќе бидат објавени што е можно поскоро“, напиша пејачката.

Последниот објавен албум на Аврил излезе во 2013 година, а набрзо после тоа лекарите дијагностицираа лајмска болест кај пејачката. Поради здравствени проблеми, таа се повлече од музичката сцена.

Цели пет месеци беше заробена во кревет и ништо не можеше да направи сама, а на лекарите им требаше време за да утврдат за што станува збор. Кога со крвни испитувања заклучија дека станува збор за лајмска болест, започна третманот за лечење, но и долгото опоравување.