После децениски молк: Сопругата од Вуди Ален проговори за семејната драма


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


New York Magazine стана најново бојно поле во војната помеѓу Вуди Ален, Миа Фероу и нејзините деца.

Популарното списание се спрема да објави експлозивно интервју со Сон-Ји Превин, која Миа Фероу ја посвои, а потоа се омажи за Вуди Ален, за скандалот кој го распарчи семејството.

Дилан Фероу, која го обвини очувот дека ја злоупотребувал кога имала 7 години (тврдење кое Вуди категорично го негира, додека истрагата покажа дека не ја злупотребувал сексуално) наводно е бесна поради муабетите кои излегуваат во јавност.

Според луѓето кои се запознати со нејзиното размислување, Дилан верува дека текстот го напишала авторка која сам лично ја одбра Вуди Ален, бидејќи сочувствувала со него. Статијата, која излегува денес, ја напиша Дафне Меркин, пријателка и обожавателка на славниот режисер.

Дилан укажа на дел од нејзината книга од 2014 година, The Fame Lunches, во која открива како му напишала обожавателско писмо на Ален, после кое почнале да се допишуваат додека таа страдала од депресија, а тој ја охрабрувал како авторка. Таа открива дека минувале извесно време заедно и останале во контакт.

Но, претставниците на New York Magazine изјавија за Page Six дека Сон-Ји Превин за прв пат ја споделува со медиумите својата приказна. „Се надеваме дека луѓето ќе причекаат со предрасудите додека не ја прочитаат статијата“. „Односот меѓу Дафне Меркин и Вуди Ален е дел од приказната, како што постои причина поради која Сон-Ји проговорува токму сега“, додаваат од списанието.

Скандалот е повторно во центарот на вниманието поради движењето #MeeToo, но и поради тоа што братот на Дилан Фероу, Ронан, е еден од водечките новинари на истото.

Дилан првото интервју за обвинувањата на сметка на Ален го даде во јануари, а оттогаш уште едно од посвоените деца на Миа Фероу, Моузес, проговори на темата и застана во одбрана на Ален.